Кошарка
28. May 2023 - 19:55

Бостон пред историски пресврт

Бостон Селтикс го победи Мајами Хит со 104:103 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција.
Тимот од Масачусетс се врати од негатива од 0-3 и ќе има шанса пред своите навивачи да направи нешто што ниту една друга франшиза не успеала - да ја претвори негативата  од 0-3 во триумф од  4-3.
Бостон беше на прагот на елиминација, бидејќи Џими Батлер ги погоди сите три шута за 103:102, но со неверојатните поени  на Дерик Вајт успеаја да победат со  104:103.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тејтум со 31 поен, Браун додаде 26, Смарт 21, а херојот Вајт 11 поени. Кај Мајами Батлер постигна 24 поени, но од поле шутираше очајни 5-21.