Бостон окован во мраз

Повеќе од 20.000 домаќинства во Бостон се без електрична енергија поради така наречената циклонска бомба, која во градот донесе снег, голомразица и силни ветрови.
Според прогнозите на метеоролозите дека циклонската бомба ќе го погоди источниот брег на САД, веќе пристигна до Бостон.
- Сите училишта се затворени, а ќе бидат отворени и засолиништа, а ако се влоши ситуацијата со поплавите ќе се нареди и евакуација на населението, изјави градоначалникот на Бостон, Марти Валш.
Гувернерот на Масачусетс, Чарли Паркер изјави дека бурата во околината на Бостон била пропратена со бранови кои предизвикале „ретко видена поплава“.
Тој додаде дека 26 од 78 општини на брегот на Масачусетс имале проблем во поплавите.
Екстремните временски услови донесоа и снег во Флорида, првпат по неколку децении. Гувернертите на Флорида, на Џорџија и на Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите.
Поради екстремно студеното време во текот на неделата починаа 12 лица, шестмина во Висконсин, четворица во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури. Поголемиот број од починатите биле бездомници.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
