Бошњаковски: Јавниот интерес во Македонија во моментов е заштитен

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со распределбата на грантовите од Фондот за иновации и технолошки развој на фирми поврзани со владини функционери, рече дека јавниот интерес во моментов е заштитен во Република Македонија.
- Премиерот Зоран Заев повика да се испитаат сите случаи и доколку се покажат одредени неправилности секој во оваа држава треба да одговара согласно законските прописи и процедури, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека ставовите што вчера ги изнесе директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски се идентични со ставовите на Владата на Република Македонија.
Деспотовски вчера им порача на сите 79 компании од првиот инвестициски бран на Фондот за иновации и технолошки развој во рок од 15 дена да достават изјава со која ќе потврдат односно негираат дали во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција или член на неговото потесно семејство.
Владиниот портпарол истакна дека Основното јавно обвинителство веќе има покренато предистражна постапка во врска со тоа.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прозван во јавноста за грантот што го доби компанијата „Кастинвест“ каде е коспоственик, а од кој и се откажа, рече дека ги испочитувал сите законски аспекти и го охрабри Обвинителството да го истражи случајот.
Советничката за култура во канцеларијата на премиерот, Цветанка Ласкова која беше прозвана на социјалните мрежи во врска со грантот кој од Фондот го добила фирмата Декодикс, помеѓу чии сопственици е и нејзината снаа за син, Христина Керкез, тврди дека немала пристап во доделувањето на грантови и оти не знаела за повикот за грантови на кој учествувала нејзината снаа.
Ново на Сител
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
