Бошњаци иселеници бараат на Брнабиќ да ѝ се забрани влез во БиХ поради изјава за Сребреница
Негирање на геноцидот во Сребреница и искривување на судските факти за најголемото злосторство по холокаустот во Европа претставува намерен и организиран напад врз вистината и правдата, државата БиХ и жртвите, предупреди денеска Конгресот на Бошњаците во Северна Америка (КБСА).
Коментирајќи ја изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека во Сребреница немало геноцид, претставници на КБСА потсетуваат дека „негирањето на тоа злосторство претставува последна немоќ на сѐ уште слободните злосторници да ја дехуманизираат жртвата и да ја одржат агресивно геноцидната политика и идеологија“.
Тие ги повикаа „сите субјекти на вистината и правдата да го кренат својот глас против негаторите на геноцидот, затоа што сметаат дека токму тоа е потребно за геноцидот веќе никогаш никому да не се повтори“.
– Го повикуваме босанско-херцеговскиот политички естаблишмент и меѓународната заедница во БиХ да ѝ забранат влез на Брнабиќ сѐ додека не ја повлече скандалозната изјава и да им се извини на жртвите и граѓаните на БиХ, стои во соопштение на Конгресот на Бошњаците во Северна Америка.
Српската премиерка Брнабиќ, на инсистирање на новинар на Дојче веле да „признае дека во Сребреница се случил геноцид“, порача дека за Србија она што се случило во Сребреница не е геноцид, потсетувајќи дека лицето одговорно за тоа страшно воено злосторство е екстрадирано во Хаг и оти Србија направила сѐ што зависело од неа.
Ново на Сител
-

Прегазен пешак во центарот на Скопје
-

Без вода утре делови од општина Центар
-

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
-

Казни за картелско здружување
-

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК апелира до возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат
-

Приведени криумчари од Египет и Сирија, пронајдени десет мигранти од Кина
-

Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос
-

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш
