Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Во регионот има храбри луѓе, а пример за тоа е постигнувањето на договор меѓу Грција и Северна Македонија, со кој е решено нешто за кое до пред две години се мислеше дека е нерешливо, изјави синоќа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.
Сепак, тој дополни дека на Западен Балкан се уште има отворени проблеми. Во Виена, на „Јужно-источниот европски бизнис круг“, Бошковиќ го посочи косовското прашање, дополнувајќи дека реториката околу тоа прашање наликува на онбаа од 1990-те. Но и покрај тоа исклучи можност од повторување на настаните кои се случија тогаш. Меѓутоа, нестабилноста на Косово може да предизвика нестабилност во Црна Гора, Србија, БиХ и другите земји од регионот, бидејќи се сите поврзани, а може негативно да влијае и на стабилноста на Европа.
– Неопходно е Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот, пренесува Танјуг.
Според него, предизвик е и БиХ, која ја оквалификува како нефункционална држава.
Бошковиќ вели дека најголем проблем на Балканот е тоа што сите секогаш гледаат на различностите, наместо на заедничкиот интерес.
– Западен Балкан има голем потенцијал, кој досега е неискористен, бидејќи земјите од регионот премногу гледаат на своите различности, наместо да бараат сличности, посочи црногорскиот министер.
Тој оцени дека сега се потребни храбри и паметни одлуки и укажа дека доколку поранешна Југославија ги донела кон крајот на 1980-те, постјугословенските држави сега ќе беа членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата