Босанка украла милион евра од германска фирма, полицијата нуди 37.500 евра за повеќе информации
Германската полиција нуди 37.500 евра награда доколку некој во јавноста ја препознае и ќе им помогне да ја фатат Босанката Мирнеса С. која е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од компанија во Штутгарт каде што била вработена.
Како што објави магазинот Феникс, нејзиното име е Мики, а наводно работела како келнерка во Штутгарт. Како што пренесува овој портал, по објавувањето на нејзината фотографија на сите германски медиуми, откриен е профилот на Инстаграм на Мирнезе С., а на него таа објави фотографии на кои се гледа како се забавува облечена во брендирана облека.
Како што соопшти полицијата, жена украла повеќе од милион евра од просториите на компанијата на 14 октомври околу 15.10 часот. Таа имала пристап до пари како вработена во компанијата. Кражбата била забележана истиот ден, а полицијата започнала истрага. Во својата изјава не објаснија како извадила толкава сума пари од фирмата.
Осомничената жена е висока 174 сантиметри, со сино-зелени очи и руса коса. Тaa има неколку тетоважи по целото тело, особено на рацете.
– Секој кој знае нешто за 42-годишниот осомничен се замолува да ја контактира криминалистичката полиција на +4971189905778 – соопшти полицијата во Штутгарт.
Ново на Сител
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
-

По невремето во Скопје во Ургентниот центар примени 11 пациенти
-

Мамдани: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
