Борут Пахор ќе пешачи низ Словенија една недела
Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера започна авантура во чии рамки планира една недела да пешачи низ Словенија, при што негова последна станица ќе биде Пиран.
Пахор и неговата мала екипа, во која се синот Лука и две претставнички за односи со јавноста, тргнаа многу расположени со ранци на грбот вчера попладне од Ходош, близу границата со Унгарија, а секој ден планираат да минуваат по околу 40 километри се додека не стигнат до морето.
Во Пиран планираат да стигнат в понеделник, затоа што Пахор како што официјално објави, во вторник има службени обврски. За разгледување на словенчкиот пејзаж и за средби со граѓаните, од кои очекува поддршка на претстоечките претседателски избори, Пахор користи годишен одмор.
Пахор сам призна дека станува збор за предвремена предизборна кампања, па попратно објавува фотографии на социјалните мрежи.
Мандатот на Пахор истектува кон крајот на оваа година, а точниот датум на новите избори треба да биде објавен в петок. Пахор во овој момент е фаворит за победа на изборите.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот