Борусија Дортмунд од негатива со три гола до победа
Во четвртокот ширум ‘Стариот континет’ се одиграа првите плејоф натпревари за пласман во фазата по групи во Лига Европа. Најинтересниот меч се одигра во Норвешка каде Борусија од Дортмунд негативата од 3:0 против домаќинот Од ја претвори во победа од 4:3. Голем пресврт направи и Жилина против Атлетик Билабо, Словаците од 0:2 стигнаа до 3:2.
Борусија го прими вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа, Самуелсен беше стрелец во 14-та секунда, потоа имаше и негатива од 3:0, но тимот на Томас Tухел благодарение на Обамејанг (стрелец на два гола) на крајот забележа победа од 3:4.
Жилина славеше со пресврт над Атлетик Билбaо, чиj тренер Ернесто Валверде настапи со вториот тим. Од играчите кои во понеделникот го освоија Суперкупот на Шпанија во тимот беа само дефанзивците Гурпеги и Лапорт.
Сабин и Кике Сола постигнаа два гола за баскискиот тим, а потоа целосен пресврт Жилина направи преку Паур, и Вилијан кој постигна два гола.
Резултати:
Астра-АЗ Алкмар 3:2
Динамо Минск-Салцбург 2:0
Кабала-Панатинаикос 0:0
Ајакс-Јаблонец 2:0
Либерец-Хајдук 1:0
Краснодар-Хелсинки 5:1
Молде-Стандард 2:0
ПАОК-Брондби 5:0
Спарта Прага-Тун 3:1
Зорја-Легија 0:1
Милсами-Сент Етиен 1:1
Работнички-Рубин 1:1
Стеауа-Розенборг 0:3
Јанг Бојс-Карабаг 0:1
Жилина-Атлетик Билбао 3:2
Алтах-Белененшеш 0:1
Бордо-Кајрат 1:0
Од-Борусија 3:4
Викторија Плзен-Војводина 3:0
Лех-Видеотон 3:0
Саутемптон-Митјиланд 1:1
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение