Борозан останува во Вардар и следната сезона
Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.
Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.
Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.
Ново на Сител
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење