-->
-->
Борозан до 2021 година во Вардар
-->
Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан и во следните сезони ќе биде дел од екипата на Вардар. Левиот бек и повеќекратниот македонски првак договорија нова соработка, и тоа за следните четири сезони, информира денес македонскиот ракометен шампион.
Според новиот договор Борозан треба да остане во Вардар најмалку до 2021 година. 23-годишниот Борозан дојде лани во Вардар, и во текот на сезонава се наметна како еден од подобрите играчи, постигнувајќи 41 гол во Лигата на шампионите. Во СЕХА Газпром лигата постигна 48 гола на 16 натпревари. Беше избран и во најдобрата седморка на Ф4 турниорот на СЕХА лигата во Брест. Со Вардар го освои својот прв трофеј во СЕХА лигата и првпат во кариерата ќе игра на Ф4 турнирот во Келн.
- Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Вуко Борозан, и неговите силни и прецизни удари од далечина. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри, и заедно да се радуваме на нови успеси, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Вардар е пред одбрана на шампионската титула и во Македонија, откако победи убедливо со 38:25 (20:13) на последниот меч со Металург. На овој натпревар Борозан постигна шест гола и беше меѓу тројцата најпрецизни ракометари во тимот и на средбата.
Во кариерата Борозан има играно за екипите на Ловќен, Карловац, Металург и Либек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии
-
Теренски активности за изборите на помалите политички партии
-
Бројот на лица со симптоми од сендвичи се искачи на 17, кај дел е изолирана салмонела
-
Мицкоски: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
-
СУТКОЗ утре ќе го блокира цело Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата
-
Преглед на вестите од светот