-->
-->
Борко Ристовски ќе брани за Барселона во новата сезона
-->
Голманот на македонската ракометна репрезентација и член на бундеслигашот Рајн Некар Ловен, Борко Ристовски во новата сезона ќе застане на голот на каталонскиот гигант и актуелен европски шампион Барселона. Тој ќе дојде на местото на Даниел Шариќ, кој ја напушта Барселона. Ристовски според шпанските медиуми потпишал договор на две години.
Македонскиот репрезентативец со преминот во РНЛ и одличните партии кои ги имаше на дуелите кога беше на голот го сврте вниманието, па Барселона откако стана јасно дека останува само со шпанскиот репрезентативен голман Гонсало Перез де Варгас испрати понуда за Ристовски. Тој воедно по тие најави напомена дека е во дилема бидејќи и неговиот сегашен клуб РНЛ му понуди продолжување на кариерата.
Барселона од идната сезона е новиот клуб за Ристовски, а вкупно трет во Шпанија бидејќи претходно тој бранеше за екипите на Теукро (2006 и 2007) и Алгесирас (2007).
Тоа значи дека покрај Кирил Лазаров, кој неколку сезони го носи дресот на каталонскиот тим Ристовски е вториот наш репрезентативец член на Барселона.
Од македонските спортисти во последните години во кошаркарскиот клуб настапуваше Владо Илиевски, а Давид Бабунски беше член на младите селекции и на Б тимот на Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска