Борисов најави дека кандидатот на ГЕРБ за претседател на Бугарија ќе биде прифатен на Запад и со добри односи на Исток
Премиерот во оставка на Бугарија Бојко Борисов и лидер на ГЕРБ свика брифинг на кој ги критикуваше промените во Изборниот законик и вратените мандати за формирање нова влада од страна на втората и третата партија во 45-то Национално собрание.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на бугарскиот премиер во оставка, ГЕРБ нема да ги оспори измените во Изборниот законик пред Уставниот суд на земјата.
Борисов соопшти дека нема да се кандидира за претседател на Бугарија и изјави кој би бил најсоодветен кандидат за претседател од ГЕРБ: „Паметен, згоден, со искуство, прифатен на Запад, со добри односи на Исток. И тој ќе биде сосема различен од сегашниот разединувач на нацијата“, осврнувајќи се на Румен Радев. После тоа, тој рече „нема да бидам јас“, но не одговори дали нема да биде Даниел Митов, кого ГЕРБ го номинира за формирање влада во новоизбраниот бугарски парламент по изборите на 4 април.
Борисов остро го критикуваше усвоениот Изборен законик, нагласувајќи некои од промените, вклучително и машинско гласање и видеонадзор, како и неговото брзо објавување во Државниот весник. Бугарскиот премиер во оставка коментираше дека целта е Централната изборна комисија на Бугарија да се даде во рацете на претседателот. ЦИК ќе се назначува од сегашниот претседател на Бугарија, Румен Радев, а Националното собрание ќе биде под целосен диктат. Борисов посочи дека од 20 членови на ЦИК до сега, ГЕРБ имала 7, сите други биле од други партии.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци