Борисов: Ќе воведеме евро до 2022 година

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја и натаму тежнее кон воведување на еврото до 2022 година, и покрај противењето на некои домашни претпријатија, кои стравуваат од јакнење на економските контроли.
Борисов, на еден од деловните форуми во Софија, рече дека една од големите придобивки од усвојување на еврото е таа што банкарскиот систем ќе стане подисциплиниран.
Како дел на еврозоната, големите банки во Бугарија ќе се најдат под надзор на Европската централна банка, а не националните власти, кои понекогаш можат да бидат и поблаги.
– Мораме да го направиме тоа што е исправно, што и да се случи, им порача Борисов на противниците на тој план.
Претседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, кој е задолжен за еврото, ги поздрави плановите на оваа балканска земја за приклучување во зоната на еврото.
Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов изрази надеж дека Бугарија ова лето ќе влезе во европската банкарска унија и во т.н. двегодишната чекалница, која води кон влез во еврозоната.
– Тоа би требало да овозможи земјата да го воведе еврото во јануари 2022 година, истакна Горанов.
Ново на Сител
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
