Борисов: ЕУ ќе направи историска грешка ако ги одбие Скопје и Тирана
Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите. Тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се расправа и за проширувањето на Унијата.
– Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија, истакна претседателот на бугарската Влада.
Борисов рече дека не може да ги разбере тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.
– Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината, изјави Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце