Борисов е за електронски пасош за вакцинирани и луѓе што прележале Ковид-19 за слободно патувањe
За оние кои се вакцинирани во Европа, да се направат електронски пасош или зелен електронски коридор за оние кои прележале и со антитела или документ дека биле вакцинирани, да не им се наложува да прават ПЦР, да се ставаат во карантин и да не им се попречува патувањето, иајви бугарскиот премиерот Бојко Борисов за дописникот на МИА од Софија.
Борисов, вечерва ќе учествува на видео конференција на членовите на Европскиот совет, на која ќе се дискутира за ова прашање.
– Се согласивме со австрискиот премиер Себастијан Курц и со другите колеги, со нашите грчки пријатели, како ќе го наречеме – електронски, зелен пасош, но да им олесниме на сите што биле вакцинирани и болни да живеат нормален живот, рече Борисов.
Во врска со непочитувањето на договорот за испорака на вакцини од страна на АстраЗенека тој коментира дека се прави се што е потребно и се надева дека ЕК ќе биде многу построга, „ако треба дури и преку суд, и оти парите ќе бидат вратени“.
– Ги потсетувам големите глобални компании дека инвестиравме за производство на вакцини. Не е фер ако некој даде повеќе пари од ЕУ за да им се испраќаат повеќе вакцини. Ова е дури и неприфатливо. Не е коректно, не е фер, не е правилно.
Според него, ЕК треба да биде „крајно сурова“ и истакна дека ја поддржува Урсула фон дер Лајен со сè во оваа област.
Борисов додаде дека Бугарија е подготвена да испрати авион за да ги земе вакцините, бидејќи тоа ќе заштеди еден до два дена од превозот.
„Со авион ќе ги испратиме најдобрите бугарски виролози за да можеме да ги почитуваме сите правила. И со ова темпо на вакцинација, два дена заштедени од доставата значат уште 40.000 вакцинирани бугарски граѓани, рече бугарскиот премиер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати