Македонија
4. February 2021 - 15:22

Борисов: Догодина заедно со нашите браќа од Македонија да го прославиме раѓањето на Гоце Делчев

Да имаме мудрост догодина заедно со нашите браќа од Македонија, да ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, напиша  бугарскиот премиер Бојко Борисов на фејсбук, по повод годишнината од раѓањето на револуционерот.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев - војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Да имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Македонија, да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција.

Днес се навършват 149 години от рождението на Гоце Делчев - войвода, деец на македоно-одринското революционно...

Posted by Boyko Borissov on Thursday, February 4, 2021