Борисов: Добивме чист мандат да формираме влада
Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на вчерашните избори доби чист мандат за формирање нова влада на Бугарија, изјави рано изутринава партискиот лидер и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов.
- Резултатите (од изборите) категорично потврдија дека ГЕРБ треба биде водечка владејачка партија, рече Борисов пред насобраните приврзаници кои ја прославуваа победата.
Борисов нагласи дека неговата конзервативна партија ќе ги вложи сите сили за да формира нова коалициска Влада.
Според 97,17 отсто обработени податоци од вчерашните предвремени парламентарни избори во Бугарија, ГЕРБ освои 32,63 отсто од гласовите или 96 места во Народното собрание, пред коалицијата предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 27,10 проценти или 79 пратеници.
Врз основа на досегашните резултати места во Парламентот обезбедија и националистичката коалиција Обединети патриоти (ОП) со 9,07 проценти од гласовите или 27 пратенички места. партијата на бугарските Турци, Движење за права и слободи (ДПС) со 8,98 отсто или 26 пратеници и популистичката партија Волја на бизнисменот Веселин Марешки со 4,16 отсто од гласовите, која најверојатно ќе освои 12 места во Парламентот.
Под изборниот цензус од 4 отсто останаа Реформскиот блок (РБ) со 3,01 отсто од гласовите, коалицијата Да Бугарија со 2,93, Сојузот ДОСТ со 2,91 и коалицијата Нова Република со 2,51 проценти..
Лидерката на БСП, Корнелија Нинова уште синоќа го призна поразот и му ја честиташе победата на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее во тоа.
- Сакаме да им честитаме на победниците, ГЕРБ. Доколку тие не успеат да формираат влада, а ние го добиеме мандатот, ќе се обидеме да формираме Влада со цел да ја осигураме безбедносна на земјата, потенцираше Нинова.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу