Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.
Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се досегашните претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.
Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик - генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици
-
Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
-
Украина го прекина транспортот на руски гас
-
Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
-
Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
-
Во 2025 година пет продолжени викенди
-
Првото бебе во 2025 година е машко
-
На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени