-->
-->
Борис Џонсон: Косово да го продолжи дијалогот со Србија
-->

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска во Приштина изјави дека Косово треба да го продолжи дијалогот со Србија, бидејќи, како што нагласи, нормалните односи се од заеднички интерес и за двете земји.
Како Србија, така и Косово сакаат да се приклучат кон ЕУ и покрај тоа што нивните кандидатури се на различна етапа.
Во рамки на својата балканска турнеја, Џонсон денеска ја посети Приштина, каде се сретна со политичките лидери во земјата.
Тој ги поттикна косовските лидери да продолжат да соработуваат со Специјалниот суд за воени злосторства, кој е формиран минатата година под притисок на западните поддржувачи на Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
