Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во денешната објава на Икс повика Европа да престане да се „скандализира“ од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и да му помогне да стави крај на војната во Украина.
„Секако дека Украина не ја започна војната. Тоа би било како да кажеме дека САД ја нападна Јапонија во Перл Харбор“, напиша Џонсон, осврнувајќи се на изјавата на Трамп дека Украина ја почнала војната.
„Се разбира, земјата која е подложена на насилна инвазија не треба да организира избори.
Немаше општи избори во Обединетото Кралство од 1935 до 1945 година“, напиша тој, како одговор на руското барање, поддржано од Трамп за одржување претседателски избори во Украина.
„Се разбира, рејтингот на Зеленски не е 4%. Тој е всушност ист како оној на Трамп“, посочи Џонсон, алудирајќи на тврдењето на Трамп дека Зеленски има само четири проценти поддршка во својата земја.
„Изјавите на Трамп немаат за цел да бидат историски точни, туку да ги шокираат Европејците, наведувајќи ги на акција, оценува Џонсон.
„САД можат да пристапат до 300 милијарди долари замрзнати руски средства – главно во Белгија.
Тоа е готовина што треба и мора да се искористи за исплати кон Украина и за компензација на американската поддршка“, нагласи Џонсон, прашувајќи: „Зошто Европа го спречува ослободувањето на парите на Путин?“Според него, Белгија, Франција и други европски земји го блокираат овој процес, што го нарече „апсурдно“.
„Мораме да станеме сериозни и тоа брзо“, порача Џонсон, кој одамна го поддржува Трамп.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“