Борхард: Во Албанија циркулираат две милијарди евра од дрога

Во Албанија циркулираат две милијарди евра „заработени“ од производство и трговија со наркотични средства, изјави амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Тирана, Бернд Борхард за тиранската телевизија Ора њус, при тоа предупредувајќи дека „инвестирањето на овие пари, стекнати од дрога, на престојните парламентарни избори на 18 јуни е реална опасност“.
- Значи, овие пари може да се користат за купување пратеници. Ова се нашите образложенија зошто ОБСЕ е за промени на изборниот законик. Тоа е за да се спречат или поточно што повеќе да се лимитира купувањето гласови, нагласи тој во ова негово прво интервју за албански медиум по преземањето на функцијата.
Позитивно ,според него е фактот е, што за разлика од порано, производството на канабис сега е загрижувачка појава за двете страни и власта и опозицијата.
Протестите на опозицијата, оценува Борхард, ги гледа како легитимно право, но со загриженост гледа на бојкотот на Парламентот, бидејќи, тоа, според него, ќе го забави текот на реформите, посебно оние во правосудството.
Тој уште со став дека ОБСЕ не е против електронското гласање и пребројвање, но имало одредени недостатоци за кои нема време да се вметнат во легислативата. Неможно, според него, е да се овозможи и гласањето на емигрантите на изборите на 18 јуни, бидејќи нема регистар на албански граѓани кои живеат надвор од земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
