Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите
Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите, руската агресија врз Украина мора да запре, порача новиот претседавач со ОБСЕ, Јан Борг, министер за надворешни работи на Малта.
На завршната прес-конференција од 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, Борг истакна дека анонимниот глас од сите 57 земји кои му ја укажаа довербата за нов претседавач, е доказ, како што рече, на нашата заедничка заложба да продолжиме да ја зајакнуваме организацијата и да осигураме дека покрај сите предизвици со кои се соочуваме, организацијата ќе продолжи да работи.
- Како што го почнуваме нашето заедничко патување, ќе се посветиме на исполнување на нашите должности и одговорности во времето што претстои, рече тој.
Борг очекува да работи, како што рече, рака под рака заедно со сите партнери и кажа дека ќе се обврзе да работи кон поттикнување на зајакнување на мултилатеризмот.
На завршната прес-конференција се обратија и досегашниот претседавач, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.
Северна Македонија е домаќин на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси