Борел: Руската агресија против Украина ја промени историјата на Европа, но не и географијата
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина, рече дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликтот кој, како што наведе, ја промени историјата на Европа, но нема по насилен пат и нејзината географија.
„Одбележуваме две години од бруталната руска агресија врз Украина. ЕУ е на страната на украинскиот народ од тоа трагично утро што ја промени историјата на Европа, но нема повторно на сила да ја промени нејзината географија“, напиша денеска Борел на платформата Х.
Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот