Свет
18. March 2020 - 8:51

Борел: Привременото ограничување на влез во ЕУ е да се заштитат сите

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна работи и безбедност Жозеп Борел синоќа изјави дека привремената мерка за рестрикција на влез на граѓани од трети земји во ЕУ е начин да се забави ширењето на новиот коронавирус.

– На овој начин ќе ја забавиме трансмисијата од други земји по враќање на патниците. Ова мерка е со цел да се заштитиме сите, напиша Борел на Твитер.

Тој повика на глобална сорботка за решавање на предизвиците од пандемијата.

– Зачувување на меѓународниот мир, стабилност и безбедност сега е позначајно од кога било, истакна Борел.

Тој најави дека состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел следната недела ќе се одржи преку видео-конференција.