Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го потсети унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој учествува на самитот на Организацијата на туркофонски земји, дека тој ја претставува само својата земја, а не ЕУ.
Унгарија претседава со оваа организација во следните шест месеци, наведе Бета.
Борел во вчерашната изјава нагласи дека учеството на Орбан на неформалниот самит на Организацијата на туркофонските земји во азербејџанскиот град Шуша, на 5 и 6 јули, е исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и оваа организација.
Предупредувањето уследи по сличното предупредување издадено во петокот во врска со посетата на Орбан на Москва, што, исто така, ја поттикна оценката на Борел дека Орбан, чија земја претседава со ЕУ, не добил мандат од ЕУ да ја посети Русија, нагласувајќи дека Брисел ја исклучува официјалната контакти со Москва.
По најновото предупредување од Брисел политичкиот директор на Орбан на социјалната мрежа Х иронично запраша дали тие имаат право да вечераат или за тоа треба да добијат и мандат од Советот на ЕУ.
Организацијата на туркофонски земји е меѓународна организација која ги обединува земјите од турско говорно подрачје. Основана е како Совет на туркофонски држави во 2009 година од Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција. Унгарија стана членка набљудувач во 2018 година.
Според Орбан, организацијата, блиска до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претставува важен столб на соработката Исток-Запад, изјави еден од соработниците на Орбан на мрежата Х, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар