Македонија
14. March 2022 - 11:18

Борел на средба со Ковачевски

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, пристигна во Владата на средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Според најавите, Борел и Ковачевски  по средбата ќе одржат заедничка прес-сконференција напладне во Владата.

Борел, кој од вчера е во посета на државава, претпладнево се сретна со претседателот Стево Пендаровски, а за попладне се предвидени средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на парламентарните партии.