Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, што не значи признавање
ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека блокот ја признава новата авганистанска влада, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел.
„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман”, рече Борел на прес-конференција на Блед.
Тој додаде дека овој ангажман ќе се интензивира во зависност од однесувањето на владата во Кабул, односно од фактот дека Авганистан нема да служи како „база за извоз на тероризам во други земји“ и дека ќе ги почитува човековите права, владеењето на правото и медиумите.
Според него, Авганистан, исто така, ќе мора да формира инклузивна, репрезентативна транзициска влада, да обезбеди слободен пристап до хуманитарната помош и да дозволи странски државјани и Авганистанци да ја напуштат земјата.
Борел нагласи дека ЕУ има за цел да ги координира своите контакти со талибанците преку заедничко присуство на ЕУ во Кабул за да ги следи евакуациите и да се осигура дека новата авганистанска влада ќе ги исполни обврските како што се безбедноста и човековите права.
„Одлучивме да работиме координирано, да ги координираме нашите контакти со талибанците, вклучително и преку заедничко присуство на Европската унија во Кабул, доколку се исполнети безбедносните услови“, рече Борел.
Тој додаде дека ЕУ ќе се обиде и да го координира ангажманот со партнерите во регионот, во области како што се миграциските текови и организираниот криминал.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
