Борел: ЕУ да не го провоцира Путин, бидејќи може да нападне земја-членка на НАТО
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека земјите-членки на Унија не треба да го провоцираат рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој може да ги прошири своите воени активности со напад врз една од земјите-членки на НАТО.
– Од една страна се обидуваме да ја поддржиме Украина, од друга страна се обидуваме да спречиме голема војна. Никој не треба да го провоцира Путин. Затоа што може да ги прошири своите воени активности. Може да биде против земја членка на НАТО или друга. И има сериозна загриженост за тоа. Путин ќе продолжи да напаѓа, а ние мора да ја изолираме Русија од меѓународната заедница, мора да ја поддржиме Украина, истакна Борел за Си-ен-ен Турк.
Тој коментирајќи ја апликацијата на Украина за членство во ЕУ, истакна дека процесот за пристапување дека де факто веќе е започнат.
– Украина побара членство и ние веднаш рековме да. Да, велиме дека Украина припаѓа на европското семејство. Ова е очигледен факт и географски и историски. Да, има некои процедури (за членство во ЕУ), но ние го почнавме овој процес, истакна Борел.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани