Борел – Блинкен: Унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ клучно за европскиот континент
– Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ.
Ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен за поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ.
– Го поздравуваме компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање. Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за да се придвижи напред. Овој дух на конструктивен компромис врз кој се гради европската интеграција треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени во овој историски процес, се вели во заедничката изјава.
Европската Унија и САД, како што се наведува, се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел.
Ново на Сител
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана