-->
-->
Борел: Без судска одлука ЕУ не може да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација
-->
Европската унија не може да ја вклучи Иранската револуционерна гарда во својата листа на терористички организации доколку нема соодветна судска одлука, изјави денеска шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.
Европскиот парламент минатата недела повика ИРГ да биде прогласена за терористичка организација, обвинувајќи ја за задушување на протестите во земјата и снабдување на Русија со дронови.
– Ова е нешто што не може да се реши без суд и судска одлука, изјави Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, додавајќи дека не може да се прогласи некого за терорист само затоа што не му се допаѓа.
Борел прецизираше дека прво суд во една од државите на Унијата мора да донесе конкретна одлука пред самата ЕУ да преземе чекор по ова прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи