Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички
Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград.
-Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, напиша доцна вечерва Борел на Твитер.
„Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарнсот на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа“, додаде Борел.
Претходно во текот на денот специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изрази надеж дека во Брисел ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово.
Тој денеска во Брисел се сретна со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.
-Искрено се надевам дек а денеска ќе успееме да најдеме решение за деескалација на тензиите и да продолжиме да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек, напиша Лајчак на Твитер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешен претседател на ДКСК
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
