Македонија
19. November 2016 - 17:54

Борците бараат поголема почит - Скромна прослава во Тетово

Со поголема почит треба да се слави 19 ноември Денот на ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација, порачаа од Сојузот на борците кои го организираа скромното празнување. И понатаму празникот ниту се одбележува ниту почитува од страна на актуелната локална самоуправа, велат тие. 
 
Голем е придонесот на сите заедници во ослободувањето на Тетово, потсетуваат од Сојузот. 
 
Инаку во текот на месец ноември тетовската општина ја организира манифестиција Тетово го слави ноември. Повод е 28 ноември кога албанската заедница го слави денот на знамето.