Бомбите нема да бидат доказ, продолжуваат преговорите за СЈО
Бомбите од прислушкуваните материјали нема да бидат докази во идните постапките што ќе ги отвора Специјалното јавно обвинителство. Власта попуштила за дел од забелешките на опозицијата и изработила нова верзија на законот за обвинителство со кој се дефинира и статусот на СЈО, тврди премиерот Зоран Заев. Без да открива детали, вели дека врз основа на барањата на ВМРО-ДПМНЕ направени се корекции на стариот законот во четири аспекти. Новата верзија на законот веќе била доставена до опозициската партија и очекува преговорите да продлжат утре.
Слична потврда има и од миснитерствотот за првда.
„Во саботата на г. Менкиновски му беше пратен законски текст со вграден дел од амандманите кои не ги загрозуваат постапките и статусот на СЈО, а кои во главно се однесуваат на одредби од Етичкиот кодекс во законот. Тоа е материјалот по кој ВМРО-ДПМНЕ треба да изгради став, имајќи предвид дека јасно нѝ е предочено кои се критериумите за отпочнување на преговорите и дека од нив отстапување не може да има“, велат од министерството.
Од опозциската ВМРОД-ПМНЕ пак, велат дека добиле материјали за закнот за обивнителство, но неофицијално се работело комеплетно за истата верзија на законот дополента со само три членови. Одговор на 65те амандманби кои беа доставени претходно немало. Сепак, од преговарачкиот тим потврдуваат дека ќе имаат работна средба со власта утре или задутре. Остануваат на своите ставови.
ВМРО –ДПМНЕ Предлагаме Министерството за правда да се фати со работа, и да ги примени сите правни норми, за кои ВМРО-ДПМНЕ се залага, за да изнајдеме решение за еден од клучните закони од кои зависи датумот за преговори за влез во евроатланското семејство, коментираат од партијата на Христијан Мицкоски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
