Бомбашот од Њујорк идентификуван како исламист од Бангладеш

Бомбашот кој денеска се обиде да активира бомба во една од најпрометните сообраќајници на њујоршкото метро е 27-годишниот Акајед Улах од Бангладеш, јави весникот „Њујорк Пост“
Улах е единствениот повреден во експлозијата на бомбата, а уште три до четири лица побарале лекарска помош од повреди што ги здобиле при општата паника која настанала во подземниот тунел меѓу метро станиците Тајмс Сквер и Порт Ауторити.
Според телевизијата Си-Би-Ес, Улах носел две експлозивни направи, едната од кои била прицврстена на неговото тело. Едната од бомбите делумно експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му тешки повреди поради кои бил хоспитализиран.
Полициските тимови успеале да ја отстранат другата експлозивна направа од неговото тело, по што му била укажана лекарска помош.
Поранешниот полициски комесар на Њујорк, Бил Братон изјави дека, според неговите извори, се работи за исламист кој сакал да изврши напад во Њујорк пред Божиќ, во име на групата Исламска држава (ИД). Улах живеел во САД од пред седум години.
Инцидентот се случил во 7:30 часот по локално време (13:30 часот по средноевропско време) во екот на утринскиот сообраќаен метеж. Двете метро станици се поврзани со подземен пешачки тунел и очевидци велат дека патниците сами почнале да бегаат штом ја слушнале силната експлозија.
Стотици луѓе на социјалните мрежи објавија дека се случило вистинско стампедо по експлозијата, додека патниците брзале што поскоро да го напуштат подземниот тунел и метро станиците.
Американскиот претседател Доналд Трамп и градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио биле брифирани со досега познатите информации за инцидентот.
Градоначалникот де Бласио потврди дека инцидентот претставувал обид за терористички напад и рече дека напаѓачот дејствувал сам, без помагачи.
- Нашите животи се вртат околу метрото. Изборот да го нападне Њујорк секогаш е воден од причината што ние сме светилник за светот. И ние покажуваме дека сме успешно општество на луѓе од разни вери и заедници. Терористите сакаат да го поткопаат токму тоа. Затоа го напаѓаат Њујорк, изјави Де Бласио.
Ново на Сител
-

Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана
-

Трамп изјави дека војната во Иран е „многу блиску до крајот“
-

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза
-

Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
