-->
-->
Болтон: Сега е моментот Косово и Србија да постигнат договор
-->
Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“.
Тој ова го изјави по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа.
- САД се подготвени да им помогнат на двете страни да ја постигнат оваа историска цел, напиша Болтон на Твитер.
Косовскиот претседател исто така изрази оптимизам по средбата и му се заблагодари на Болтон за „целосната поддршка која Косово ја добива од оваа администрација“.
- Се согласивме дека во дијалогот има историска можност за двете страни која не треба да се пропушти, рече Тачи.Според косовскиот претседател, тоа ќе помогне во напорите на Косово да влезе во НАТО, ОН и ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата