-->
-->
Болсонаро се заканува со излегување на Бразил од СЗО
-->
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани дека Бразил ќе излезе од Светската здравствена организација ако таа, како што рече, не престане да биде пристрасна политичка организација.
Тој за бразилскиот Си-Ен-Ен изјави дека лекот хидроксихлорохин „се вратил“ откако била повлечена „срамната“ студија за неговиот ефект.
Влијателното британско медицинско списание „Лансет“ повлече статија во која се тврди дека лекот против маларија хидроксихлорокин го зголемува ризикот од смрт кај болни од Ковид-19.
Болсонаро тврдеше дека лекот треба да се користи за лекување на пациенти со коронавирус, и покрај недостигот на научни докази за неговата ефикасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости