Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е ставен под 24-часовен полициски надзор поради страв дека може да избега, соопшти синоќа Врховниот суд на земјата, јави ДПА.
Полициски единици се испратени во резиденцијата на 70-годишниот Болсонаро, кој веќе се наоѓаше во домашен притвор и се следи со електронска наногица, појаснува германската агенција.
Болсонаро, заедно со воени офицери, политичари и негови истомисленици се соочува со судење за наводно планирање државен удар по неговиот изборен пораз во 2022 година од левичарскиот наследник Луиз Инасио Лула да Силва.
Поранешниот претседател ги негира обвинувањата и се изјасни за невин. Пресудата се очекува во наредните недели.
Судот ги наведе постапките на синот на Болсонаро, Едуардо, кој моментално е во САД и наводно лобирал во Вашингтон да заземе тврд став против Бразил за да се изврши меѓународен притисок во судскиот процес на неговиот татко.
САД неодамна воведоа царини од 50 отсто за бразилски текстил, машини, храна и хемиски производи, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава