Свет
8. July 2020 - 18:43

Болницата во Бергамо за првпат по 137 дена нема пациенти на интензивна нега

Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII“ во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со Ковид-19, соопшти денеска болницата.

Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од Ковид-19.

Бергамо беше и меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата, пренесува Анса.

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.