-->
-->
Болницата од Кавадарци ќе ја пријави во полиција лажната вест дека починале две млади девојки од КОВИД-19
-->
Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од КОВИД-19. Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство.
Попладнево беше злоупотребен интернет профилот на кавадарчанка, при што во нејзино име беше објавена лажна вест, дека и починале двете ќерки од коронавирус. Беше ставена дури и фотографија, а во лажниот пост стоеше дека никој не сакал да ги прими во болница.
Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство