-->
-->
Боледувал од мигрена 50 години, а сега е излекуван - Се што направил е...
-->
Пензионер кој 50 години страдал од мигрена, тврди дека чудесно се излекувал и тоа со овој неочекуван процес. Британецот, Колин Симан (79) во својот живот се обидел на секој начин да ја излечи мигрената. Овој татко на две деца, вели дека доколку не ги пиел силните лекови против болки, би извршил и самоубиство.
Колин од еден пријател слушнал дека некои луѓе главоболките ги решаваат со пирсинг, па одлучил да се обиде. Кога ја прободел р`скавицата на увото, како што тој тврди главоболките навистина престанале.
- Се чувствувам како друга личност. Убаво е да дојдеш дома и да не се грижиш дали треба да ги земеш лековите. Не знам дали сега сум потполно излечен, но живеам во надеж. Ако се врати главоболката ќе ставам обетка и на другото уво, вели Колин за „Mirror“
.
Каде и да одев со себе носев лекови.
Симан во својата борба со мигрената искусил многу третмани, меѓу кои биле и инекции околу очите, но болката само се зголемувала.
- Главоболката беше ужасна, ми се појавуваа бои пред очите, жена ми еднаш ме пронајде со штипки на очите само за да ми престане болката, вели Симан.
Додава дека на неговите внуци им е смешно што тој има обетка, но нему и неговата жена им е мило што повеќе нема проблеми.
И покрај многуте вакви случаеви, докторите тврдат дека нема докази дека овој метод ја отстранува главоболката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци