-->
-->
Боксерските легенди го носеа ковчегот на Али
-->

Илјадници луѓе му одадоа почит и присуствуваа на погребот на великанот на светскиот бокс и борец за човекови права Мухамед Али кој беше погребан во роднииот град Луисвил. Десетици илјади луѓе беа собрани на улиците каде што поминуваше погребната поворка.
Али е погребан како Муслиман на гробиштата „Кејв Хил“ во присуство на членовите на неговото семејство и најблиските пријатели.
На последното почивалиште го однесоа пробрани луѓе: Вил Смит, кој за улогата на Али во биографскиот филм за боксерската легенда беше номиниран за Оскар, и поранешниот светски шампиони во бокс Мајк Тајсон и Британецот Ленокс Луис.
По церемонијата во гробиштата, во салата на локалниот универзитет се одржа комеморација на која се собраа околу 15.000 гости, за животот на Али и неговата голема улога во полето на спортот, па дури и повеќе од тоа во борбата за човекови права, говореа сенаторот Орин Хеч, како и лидерите на верските заедници, имамот Хамза Абдул Малик, баптистички свештеник д-р Кевин Козби и рабинот Мајкл Лернер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
