-->
-->
Боксерски спектакл печатница за пари!
-->
Поранешниот светски шампион во бокс, Флојд Мејведер, ја закажа борбата против УФЦ шампионот Конор Мекгрегор. Боксерскиот спектакл ќе се одржи во Лас Вегас.
Американецот и Ирецот ќе се борат на 26 август, а секој од борците би можел да заработи по 100 милиони долари.
Мејведер пред две години се повлече од рингот и стави крај на професионалната кариера. Американецот си замина од рингот како непоразен во 49 борби со што го израмни рекордот на легендарниот боксер во тешка категорија Роки Марсијано.
За разлика од Мејведер, Мекгрегор, најголемата ѕвезда во УФЦ, никогаш професионално не се занимавал со бокс.
Ирецот неколкупати претходно го предизвикуваше Мејведер да се борат во октагон според правилата на мешаните боречки вештини.
Дека преговорите околу борбата завршиле успешно, потврди и претседателот на УФЦ асоцијацијата, Дејна Вајт.
Инаку, според проценките, овој меч, кога ќе се вкалкулираат заработувачките на борците и телевизиските права, би можел да „вреди“ 500 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи