Свет
13. August 2015 - 8:43

Боко Харам има нов лидер

Нигериската исламистичка група Боко Харам добила нов лидер, додега во јавноста непознат - Махамата Дауд, изјави претседателот на Чад, Идрис Деби. Тој не наведе што се случило со неговиот претходник Абубакар Шекау.

Во последните снимки на Боко Харам не с епојавуваше Шекау и тоа предизвика спекулации дека е убиен.

Деби додаде дека Дауд е отворен за дијалог, јави Би-Би-Си.

Во меѓувреме припадници на Боко Харам убија намјалку осум луѓе во близина на градот Маидугури. Од 2009 година Боко Харам се обидува да воспостави шеријатски закон на североисток во Нигерија.