Боки 13: Рускоска не доаѓа на судењата, барам изземање
Бојан Јовановски кој е обвинет во случајот Меѓународен сојуз бара смена на обвинителката Вилма Рускоска.
На денешното судење рече однесувањето на обвинителката е тенденциозно, непрофесионално и понижувачко бидејќи повеќе не се појавувала на судењето, а често се менувале и обвинителите кои ги праќала како нејзина замена.
-Го молам државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да одреди кој е застапник на ова обвинение кое според мене опстојува на стаклени нозе и без докази. Рускоска мислеше дека е доволно да го поднесе обвинението, а потоа да ги праќа своите заменици кои не се упатени во предметот, покажуваат непознавање на материјата, па сметам дека Јовески треба да ја изземе Рускоска и да назначи нов обвинител за да знаеме кој го застапува овој предмет, рече во судницата Бојан Јовановски.
Денешното судење продолжи со изведување материјални докази од направените финансиски истраги.
Освен Јовановски, во случајот со невладината Меѓународен сојуз им се суди и на неговиот татко, Фросина Ременски, Јасна Ерцеговиќ и Христина Блажевска.
Обвинети се за измами на двајца бизнисмени, кои според обвинението биле оштетени за еден и пол милиони евра.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра
-
Политико: Градот Брисел во криза, губи четири милиони евра дневно поради насилство и политички хаос
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава
-
Маркетите од петок ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има