Македонија
20. December 2019 - 9:08

Боки 13 и неговиот татко на распит во обвинителство

Јовановски денеска ќе одговараат нa прашања од обвинителката Вилма Русковска за измамите правени преку Меѓународниот сојуз. Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне пак во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле Меѓународниот сојуз формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

За овој случај осомничени се уште пратеникот Фросина Ременски, Потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.

По распитот во обвинителството, Ременски изјави дека станува збор за конструиран случај од параполициски сили.

Адвокатот на Мандиќ пак, рече дека не таа не знаела за измамите на Јовановски и била доведена во заблуда.

 
Зоран Јаневски