Фудбал
21. јуни 2017 - 13:24

Бока Ј. по 32-ри пат шампион на Аргентина

Фудбалерите на Бока Јуниорс на две кола до крајот на првенството во Аргентина ја освоија 32. титула во историјата на клубот.
 
Шампионска журка на Бока ѝ овозможи Сан Лоренцо, кој во првиот меч од претпоследното коло го совлада со 1:0 второпласираниот Банфилд, со што Бока Јуниорс, со натпревар помалку, стекна недостижна предност од пет бода.
 
Екипата која од клупата ја предводи поранешниот фудбалер Барос Скелото, оваа сезона загуби само три натпревари.