Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
Денеска (29.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, остварија работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје. Делегацијата го посети терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството беа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.
„Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информираше Бојмацалиев по средбата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025