Бојмацалиев: Дијаспората да ги искористи и базните станици во ДКП-ата на Северна Македонија
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, на својата Фејсбук страница, упати повик до македонската дијаспора дека освен патниот лист, има можност и да ги искористи и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија.
-Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат 01.10.2021 година и до 09.02.2024 година вкупно 47.726 граѓани ја имаат искористено оваа можност да извадат патна исправа преку ДКП-та, напиша Бојмацалиев.
Наведува дека моментално барања за издавање на патни исправи се поднесува во вкупно 25 дипломатски преставништа и тоа: Љубљана, Лондон, Берн, Берлин, Бон, Минхен, Виена, Њујорк, Чикаго, Венеција, Рим, Малта, Стокхолм, Копенхаген, Пекинг, Малме, Абу Даби, Осло, Брисел, Хаг, Париз, Торонто, Детроит, Мелбурн и Канбера.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
