Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
Трошоците за живот растат ширум Европската унија, како и во Западен Балкан, бидејќи платите не го следат зголемувањето на цените, особено на прехранбените производи.
Според Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) на Еуростат, просекот на цените на храната во ЕУ беше 145,2 бодови во декември 2024 година, во споредба со основните 100 бодови во 2015 година.
Во Хрватска цените на храната се повисоки од европскиот просек и изнесуваат 148,7 бодови, во Романија се 166,2 бодови, а во Бугарија неверојатни 174,4 бодови.
Евростат ја процени годишната инфлација во еврозоната на 2,5 отсто во јануари. Стапката на инфлација на храната изнесува 2,3 отсто. Стапката на инфлација во Хрватска е пет проценти, што ја прави највисока во еврозоната.
Цените, особено на храната, во последно време вртоглаво се зголемуваат во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Северна Македонија. Во исто време, иако е забележан благ пораст на платите, нивото на раст на цените го надминува ова, предизвикувајќи граѓаните сè повеќе да запаѓаат во сиромаштија.
Сето ова, односно неконтролираното зголемување на цените, беше причина да се организира првиот општ бојкот во Хрватска на 24 јануари, кога граѓаните се воздржуваа од пазарење во трговските синџири и супермаркетите.
Оттогаш движењето се прошири низ Југоисточна Европа до Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Ова предизвика пад на набавките во некои земји, како Хрватска и Црна Гора, до 50 отсто за време на бојкотот. Бојкотот ги принуди владите, на пример во Хрватска, да го зголемат списокот со „заклучени цени“ од 30 на 40 или на вкупно 70. Во исто време, неколку трговски ланци ги намалија цените на стотици производи и најавија намалување на уште илјадници артикли.
И во Босна и Херцеговина, особено во ентитетот ФБиХ, Владата одлучи да ги заклучи цените на 50 производи, додека во ентитетот РС, инспекцискиот надзор е засилен.
Сепак, сите потези на властите, но и на трговските синџири во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, не ги одвратија граѓаните од бојкотот, па тој ќе се спроведе овој петок во повеќето земји во регионот.
Во Албанија немаше бојкот и покрај спорадичните повици на социјалните мрежи. Владата лани ги зголеми платите на јавните службеници и ги зголеми пензиите, а годинава ја намали цената на струјата. Порастот на платите не го следеше значителното зголемување на цените во супермаркетите.
Ниту во Словенија немаше организиран бојкот на продавниците, освен воздржување од пазарење во одредени трговски синџири, иако таму важно прашање се високите цени на храната. Според Националниот завод за статистика, цените на храната и безалкохолните пијалоци се стабилизирале во 2024 година по период на вртоглав раст.
Ново на Сител
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина