Бојко Борисов апелира за политичко решение на ситуацијата во Македонија
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов настојува за наоѓање на политичко решение за ситуацијата во Македонија, изразувајќи загриженост поради случувањата во соседната земја.
- Македонија како држава е од суштинско значење и за Бугарија да го зачува суверенитетот и интегритетот и да продолжи по патот на евроатланските интеграции. Не е убаво на нашата граница да има таква нестабилност, изјави Борисов на прес-конференција во Парламентот.
Тој нагласи дека ги искористил своите лични контакти да им пренесе на политичарите во Скопје дека при вакви тензични ситуации се поднесува оставка, како што тоа е направено во Бугарија, Италија и Велика Британија.
Претседателот на ГЕРБ и кандидат за премиер на Бугарија синоќа телефонски разговарал со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Многу внимателно, без никакво мешање во внатрешните работи, побарав од сите да најдат политичко решение за неколкугодишната криза. Чувствата на лидерите на партиите треба да останат на второ место, омразата е голема, истакна Борисов.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години
-
Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола
-
На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
-
Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување
-
Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат